Мицкоски ги коментира решенијата на ДУИ и замениците министри

Политички памфлет во обид да се скрие и заштити криминалот, рече премиерот Христијан Мицкоски за резолуциите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) чија цел е зачувување на легитимитетот на албанската популација поради „загриженост од обидите за понижување и маргинализација на албанската заедница со игнорирање на нивната волја во процесот на донесување одлуки“.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека не сака да коментира политики на раководство на ДУИ бидејќи тоа е нивна внатрешна работа, но дека опозициската партија има настапи во јавноста со кои, потенцира, се обидува да скрие и заштити криминали и оти со такви обиди никој не ги сфаќа сериозно.

Верувам во кадровските решенија и секој заслужува шанса. Оној што ќе ја упропасти таа шанса, веднаш ќе биде сменет, вели премиерот Христијан Мицкоски за предлог-решенијата за заменици министри.

“Ние имаме коалициски договор и јас верувам на коалиционите партнери со кои имаме принципиелен, цврст коалициски договор, верувам во кадровските решенија и секое кадровски решение заслужува шанса.

Она кадровско решение што ќе ја упропасти таа шанса, ќе биде веднаш променето, нема да чекаме години”, изјави Мицкоски по денешната посета на Трубарево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*