Британскиот премиер Стармер кој е домаќин на состанокот во вовоедниот говор покрај за значењето на меѓусебната соработка, упати и директно предупредување дека земјите од западен Балкан и Молдавија се соочуваат со како што ја нарече – акутна руска закана.
“Заканата од Русија се протега низ Европа. Многу од нас видовме напади и врз нашите демократии. Луѓе кои се таргетирани на нашите улици, воени авиони кои навлегуваат во нашиот воздушен простор, бродови кои патролираат до нашите крајбрежја, а во Молдавија и Западен Балкан, заканата е очигледно по акутна. Ова е момент за сите нас да направиме повеќе”, изјави Стармер.