Од Jавното обвинителство информираа дека предметот е префрлен во Обвинителството за организиран криминал во Скопје.
Од таму велат дека ја добиле целосната документација и согласно надлежностите ќе побараат од судијата на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд на Рамадани да му определи екстрадициски притвор.
Од Министерството за правда пак велат дека до овој момент од ниту една институција не добиле инфромација за апсњето на Рамадани. Во меѓувреме, Србија бара Рамадани да им биде испорачан, додека од Косово порачуваат да не се екстрадира во Србија каде што е баран за извршени воени злосторства за време на војната 1999 година.
“Многу често се случува земјите да уапсат некого, а потоа да не го екстрадираат. Ако некој навистина сака да се бори против воените злосторства, ако има документирани обвиненија, тогаш секако очекуваме да биде екстрадиран за да одговара за злосторствата”, изјави Ивица Дачиќ – Вицепремиер на Србија и МВР.
„Нашето Министерство за правда е во комуникација со Владата на Македонија за да дознаеме повеќе за косовскиот државјанин кој се наоѓа таму во притвор и дека нема да дојде до потчинување на агресивноста на Србија кон Косово што се рефлектира преку потерниците за апсење за нашите граѓани“, изјави Албин Курти – Претседател на Владата на Косово.
Претходно, амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја како што пренесе косовска „Газета Експрес“ уверил дека Македонија нема да го екстрадира Рамадани во Србија.