Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за Канал 5 вели дека на билатералните средби во рамки на Самитот на НАТО во Вашингтон, делегацијата на земјата добила разбирање и почит.
Сепак, тој додава дека темата за преспанскиот договор многу малку се отворала.
„Не мислиме дека има проблем. Сметаме дека со нашите постапки го почитуваме преспанскиот договор“, подвлекува министерот.
Според Муцунски, иако соседните земји различно го толкуваат Договорот, реалноста е вградена во самиот текст.
Во однос на Бугарија, тој вели дека новата влада во Скопје е подготвена да прифати уставни измени кои би стапиле на сила откако ќе дојде членството во ЕУ, со цел двете земји да бидат рамноправни во текот на преговарачкиот процес.