Муцунски има телефонски разговори со колеги за ситуацијата со шумски пожари

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари одвоени телефонски разговори со министерот за европски и надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, министерката за надворешни работи на Романија, Луминита Одобеску, министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон, министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлич Радман.

Во фокусот на разговорите беа активните шумски пожари во земјава, при што беше понудена поддршка на земјава за нивно надминување.

Дел од поддршката се реализира во рамки на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што пак претставува израз на европската солидарност, соопштуваат од МНР.

„Високо ја цениме подготвеноста на нашите пријатели од Австрија, Грција, Романија, Словенија и Хрватска за поддршка во справувањето со активните шумски пожари. Ваквиот чекор е израз на солидарност, која е неопходна за надминување на овој тип предизвици. Во оваа прилика упатувам голема благодарност за укажаната помош, што претставува дополнителен израз на нашето долгогодишно пријателство”, истакна Муцунски.

Дополнително, во текот на денешниот ден министерот Муцунски оствари телефонски разговор и со својот грчки колега, Јоргос Герапетритис.

Во рамки на разговорот беше изразена потребата и подготвеноста за заемна соработка при справување со вакви предизвици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*