Грчкиот шеф на дипломатијата, Јоргос Герапетритис, ги прими денеска во својот кабинет лидерите на политичките и парламентарните партии на брифинг за темите од надворешната политика на Грција, меѓу кои и за Македонија.
Фокусот на брифингот на Герапетритис со политичките лидери во Грција било на три теми – Македонија, грчко-турските односи и кипарското прашање. Засега не се откриваат детали што конкретно им било презентирано од шефот на грчката дипломатија.
Мицотакис ќе се обиде да извлече реакција од САД, сметаат грчки аналитичари, но ништо не би можело да се промени во билатералниот договор меѓу двете земји, освен меѓусебната економска соработка.
Грчки „Капитал“ денеска објави анализа за што ќе преземе Мицотакис против Македонија, при што се наведува, дека пораката што ќе ја испрати Грција е дека европската иднина на Македонија апсолутно зависи од почитувањето што ќе го покаже кон меѓународното право и почитувањето на договорите што ги потпиша, што веќе и било испратена до Скопје.
Притоа очекувано би било, како што пишува „Капитал“ оружјето за кое зборува грчкиот премиер е да биде блокада, односно, замрзнување на следните чекори на земјата на патот кон ЕУ.
Економското гушење што ќе би и било предизвикано на земјава, доколку Грција во меѓувреме ја повлече и рачната кочница за фондовите на ЕУ за Македонија, според „Капитал“, не би било со помало значење.