Во сесија на лидерите на земјите членки на НАТО, откако претходно претседателот на САД, Џо Бајден, посочил за важноста на Западен Балкан за безбедноста на Алијансата.
Напредокот, безбедноста и просперитетот се засноваат на почитување на меѓународното право и меѓународните договори, порачал грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на првата сесија на НАТО, испраќајќи порака до новото раководство на Северна Македонија.
Осврнувајќи се на обраќањето на американскиот претседател, Џо Бајден, кој го нагласил значењето на Западен Балкан за безбедноста на Алијансата, Мицотакис посебно се осврнал на Договорот од Преспа, кој, како што нагласил, овозможил проширување на Алијансата со пристапување на Северна Македонија.
„Целосното спроведување на Договорот од Преспа е од суштинско значење за Алијансата, за Западен Балкан и за меѓународната заедница. Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе го поткопа кредибилитетот на сите напори за решавање на другите отворени прашања во Западен Балкан и ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот. Pacta sunt servanda. Сите мора да го запомниме тоа“, нагласил Мицотакис.
“Владата и премиерот Кирјакос Мицотакис следат одговорна надворешна политика и без заобиколувања велиме дека европскиот пат на Северна Македонија поминува низ Грција и очигледно, ако не го сменат начинот на кој ги третираат меѓународните договори нема да одат напред”, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.