Премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот се сретна со својот унгарски колега Виктор Орбан.
Тие се договорија двете земји веднаш да започнат процес со кој Северна Македонија ќе се задолжи за 500 милиони евра, со каматна стапка од 3,25%, како и со грејс-период и рок на плаќање да бидат три, односно 12 години.
Половина ќе биде за општините за капитални проекти, додека другите 50% ќе бидат за кредити за компаниите.