Во интервју за МТВ1 во Вашингтон, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски прашан за одлуките на Министерството за повикување на консултации амбасадорот во Италија, Весел Мемеди, амбасадорот во Албанија, Данчо Марковски и постојаниот претставник во ОН, Љубомир Фрчкоски, изјави дека има сериозни сомневања за несоодветна акција во текот на две од трите мисии.
„Во периодот што следи ќе работиме на транспарентна и законска процедура да утврдиме каде се направени грешки, дали се направени грешки“, рече тој.
Запрашан за реакцијата на Фрчкоски, тој рече дека Фрчкоски направил дополнителни и очигледни прекршувања на законите и подзаконските акти бидејќи правел јавни документи кои биле само за внатрешна употреба.
„Веројатно и тоа ќе се анализира“, нагласи тој.