Премиерот Мицкоски се сретна со претседателката на НДИ Витс

Премиерот Христијан Мицкоски во вторник оствари работна средба со претседателката на НДИ Тамара Витс на која, како што истакна, разговарале за демократските процеси во Македонија.

“Имав работна средба со претседателката на NDI со која разговаравме за демократските процеси во државата. Еден од најакутните проблеми е корупцијата за што како нова влада работиме интензивно за нејзино искоренување, што подразбира и одговорност за престапниците на законот.

Очекувањата на граѓаните не смееме да ги изневериме, да работиме на воспоставување на механизми каде граѓанинот ќе биде заштитен исто како и неговите интереси. Завршува времето на лаги, неспособност и неработа. Почнува време на реформи, инвестиции, дигитална трансформација. Мораме да дадеме добар пример за сите во изнаоѓање на пат до подобар животен стандард и сигурна држава која припаѓа на сите граѓани.”, изјави Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*