Започнува судењето на случајот за спортски ваучери

Почна судењето за спортските ваучери.

Обвинителката Лидија Раичевиќ во воведниот говор најави дека обвинението ќе го докажува со многу материјални докази, вештачење но и сведоци.

Таа ги гони 12 мината обвинети за злоупотреба на службената положба и несовесно работење при распределбата на спортските ваучери, a проценета штета e од над 5 милиони евра.

Првообвинетиот Дарко Каевски, ексдиректорот на Агенцицијата за млади и спорт, неговиот наследник Наумче Мојсоски, претседателот на МОК, Даниел Димевски и уште 9 други обвинети пред судот се изјаснија дека не се виновни, а нивните адвокати ќе го побиваат обвинението со докази, сведоци и вештачења.

Судењето продолжува на 19 септември со изведување на докази на обвинителството.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *