Меџити: Делегации предводени од Мицкоски и Гаши со посебни агенди во Вашингтон

На Самитот на НАТО во Вашингтон заминаа две делегации предводени од претседателот на Собранието, Африм Гаши и премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи и двајцата имаат посебни агенди на настанот, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

“На ДУИ сè им смета, веќе не можат да се приспособат на нова реалност дека се опозиција. Јас ги повикувам да бидат конструктивна опозиција и да се посветат прво на реформа внатре кај нив ако сакаат во иднина да бидат сериозен чинител во политичкото поднебје во Македонија.

А тоа што отишле премиерот и претседателот на Собранието, двајцата се клучни политички фигури, пред сè, ја претставуваат Северна Македонија за одбележување на НАТО, сигурно не очекува некој да се фатат за рака и да одат таму. Значи, и двајцата имаат свои агенди, заедно се таму, мислам дека вечерва ќе имаат и заеднички настан и заедничка вечера таму. Според агендата некој тргнал порано, некој подоцна бидејќи имале активности и тука”, изјави Меџити.

Опозициската ДУИ викендов изрази загриженост што земјава по прв пат била претставена од моноетничка делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон. Од коалицијата Вреди пак, одговорија дека претседателот на Собранието, Гаши, како носител на највисоката државна должност во законодавната власт има сопствена агенда во Вашингтон, која се организира од денот на неговиот избор.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, исто така, учествува на Парламентарниот самит на НАТО, Вашингтон, информира собраниската прес-служба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*