Делегацијата на Северна Македонија ги започна средбите во Вашингтон

Во рамките на посетата на Соединетите Американски Држави, делегацијата на Северна Македонија во состав премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тосковски се сретнаа со претставници на Обединетата македонска дијаспора.

„Пред почетокот на Самитот на НАТО обрнав внимание на позициите и прашањата за нашата дијаспора. Имав одлична средба со Мето Колоски и со Обединетата македонска дијаспора, со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси“, рече Мицкоски во понеделник на социјалните мрежи.

Мицкоски се сретна и со Ричард Гренел, поранешен вршител на должноста директор на Националното разузнавање во Кабинетот на тогашниот американски претседател Доналд Трамп во 2020 година.

„Плодна и пријателска вечера со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар експерт за состојбите на Балканот. Економијата, енергетиката и владеењето на правото, теми за продлабочување на соработката“, порача премиерот на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*