Вања Ѓорчевска: Во целост прифатен обвинителниот акт против четворица осомничени

Како неосновани се одбиени приговорите на одбраната на обвинетите за случајот со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и обвинителниот акт се прифаќа во целост, информираше Основен кривичен суд Скопје.

Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата. Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп.

Она што најмногу шокираше во случајот е евентуалната инволвираност на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е обвинет дека помогнал во нејзиното грабнување.

„По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое – Приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост. Врз основа на одобрениот обвинителен акт, се формира кривично – правен предмет кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, за што, ценејќи го јавниот интерес за случајот, јавноста ќе биде благовремено известена“, соопшти Кривичен суд.

Инаку рочиште за случајот ќе треба да се закаже во рок од 30 дена. За Палевски, кој беше екстрадиран од Турција во земјава во мај, истрагата сè уште трае.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*