Алатката за балансирање е напредна во Законот за правична застапеност, вели Меџити

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити коментирајќи ги најавите за укинување на балансерот нагласи дека тој не се укинува, туку, како што рече, се унапредува во закон за правична застапеност.

„Не се укинува балансерот, туку се унапредува и тоа ќе биде во својство на закон за правична застапеност. Така што, тоа ќе биде во интерес на мултикултурната и мултиетничка држава Северна Македонија“, рече Меџити.

Тој потенцираше дека механизмот по 2001 година првично бил во функција на застапеност на помалите заедници, но последните години, како што рече, имал контраефект.

„Имавме многу случаи каде Македонец се пријавуваше кога требаше да се вработи како Албанец, Турчин, Влав или нешто друго или обратно на локално ниво. Значи, не беше во функција, туку беше во контрафункција“, рече Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*