Уште едно „не“ за распуштање на највисоките судски тела кое што пристигнува по најавите на премиерот Христијан Мицкоски.
По меѓународниот фактор преку амбасадорите во земјава да не ја меша извршната во судската власт, порака и од советот на јавни обвинители кој е во кош со судскиот совет за распуштање.
„Работиме квалитетно и сме избрани од нашите колеги обвинители“, вели претседателката на советот на јавни обвинители, Душица Димитриевска.
Но, и со објаснување не се согласува премиерот. Советот на јавни обвинители со силно „не“ за идејата за негово распуштање, заедно со судскиот.
„Не му се допаѓа на премиерот реакцијата на членовите. Премногу потонале во фотелјите и удобноста со рејтинг доверба од 2 отсто“, изјави Душица Димитриевска.
Распуштање, освен за обвинителскиот совет, треба и за судски совет, коментира Мицкоски.