Муцунски се сретна со грчкиот амбасадор Филипиду

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду.

На средбата, Муцунски изрази уверување дека земјава е силно посветена на натамошно унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка со Грција, пред сè како НАТО партнери и сојузници.

Воедно, министерот Муцунски истакна дека наш интерес е градење добрососедски односи во функција на безбедност, стабилност и просперитет на Регионот.

“Земјава останува определена кон натамошно унапредување на билатералните односи, преку отворен дијалог за сите прашања од заемен интерес, а во функција на нејзино збогатување со нови содржини и во полза на просперитетот и благосостојбата на граѓаните од двете земји”, соопшти Министерството.

Соговорниците, воедно, го реафирмираа интересот за интензивирање на економската соработка, дотолку повеќе што Грција е меѓу петте земји со кои Република Северна Македонија оствари најголем обем на трговска размена во изминатата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*