Северна Македонија има добри закони, но имплементацијата е слаба, беше оценето на конференцијата на Националната конвенција за ЕУ, одржана во средата.
Во текот на изминатите години, имаше континуирано назадување кога станува збор за механизмите за борба против криминалот и корупцијата, оценуваат и учесниците.
Посебно беа критикувани минатогодишните измени во Кривичниот законик.
Исто така во средата, Министерството за правда соопшти дека текстот на новиот нацрт-Кривичен законик е веќе подготвен, преведен на англиски и доставен до Европската комисија, како обврска во рамките на билатералната проверка на Поглавјето 23.