Владата во средата за Гласот на Америка изјави дека внимателно ја следи ситуацијата на Блискиот Исток и дека е свесна за важноста на прашањето за признавање на Палестина како независна земја.
Како што се додава, во моментов се водат консултации со сите релевантни меѓународни фактори и сојузниците на НАТО за да се осигура дека секоја одлука што ќе биде донесена ќе биде во најдобар интерес на земјата и ќе придонесе за регионалниот мир и стабилност.
„Владата не донесе конечна одлука за признавање на Палестина, но ова прашање останува на дневен ред. Ќе продолжиме да работиме со целосно почитување на меѓународното право. Нашата цел е преку дијалог и дипломатски напори да придонесеме кон мирно и трајно решение на конфликтот меѓу Палестина и Израел”, изјави владата.