Група македонски планинари го вратија знамето на највисокиот планински врв на Македонија, Кораб, откако претходно беше објавено видео на кое се гледа како извесен Изет Шулку од Пешкопеја, албанска област Дебар го симнува државното знаме и на врвот закачува знаме на Република Албанија.
Планинарите се искачиле на врвот и го ставиле знамето на Македонија, а во постот на социјалната мрежа на Инстаграм е посочено:
-Македонија секогаш имала храбри синови!!
Врвот Голем Кораб на планината Кораб се наоѓа на 2.764 метри надморска височина, во рамки на Националниот парк Маврово.
Видеото со симнувањето на државниот симбол на ФБ го постави самиот Шулку, а МВР објави дека станува збор за странски државјанин и дека случајот се истражува.