Договорот за добрососедство со Бугарија веќе еднаш беше променет со додавањето на Францускиот предлог и не гледам причина зошто повторно не може да се репреговара.
Ова го изјави Мицкоски како одговор на изјавите на амбасадорката Агелер која порача дека не е можно повторно преговорање ниту со Бугарија, ниту со Грција за напредок на земјава кон Унијата.
Според Мицкоски нема ограничување на правата на Бугарите во Македонија, напротив нарушени се правата на Македонците во Бугарија, за што доказ се 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Порача дека наместо политика со двојни стандарди потребен е реципроцитет во односите со Бугарија.
„Ако можел догворот за добросодство да биде репреговаран и на него да му се додаде таканаречениот француски предлог, не гелдам причина зошто да не се додаде некој француски предлог плус или некој друг предлог што ќе ги опфати барањата кои ги има македонскиот народ и Македонците во Бугарија. Ако ја погледнете денас ситуацијата на пример или семафорот да се изразам спортски ќе видите резултат 14:0, одоносно имате 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија, чии што права се или ограничени или нарушени и нула за бугарската зедница во Македонија “, изјави Мицкоски.
Во однос пак на Преспанскиот договор, Мицкоски уште еднаш го повтори ставот – дека тој е дел од уставниот и правниот поредок на државата и дека ќе го почитуваат.