Премиерот Мицкоски потврди дека Меџити ќе биде и прв вицепремиер

Согласно џентлменскиот договор во владината коалиција Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер во Владата, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски.

“Според законот кој што е важечки Владата односно премиерот има заменици, а договорот којшто го имаме во рамките на коалицијата е да да има прв вицепремиер и тоа ќе биде господинот Изет Меџити.

Но тоа е надвор од законот. Законот вели односно подразбира само заменици на претседателот на Владата. Тоа што досега е работено на диво и незаконски, тоа нема да биде пракса во работењето на оваа Влада. Но, да џентлменскиот договор во рамките на нашата коалиција и во рамките на нашето функционирање е таква”, рече Мицкоски, кој денеска беше на ставање камен темелник на основно училиште во Драчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*