По ставот на премиерот Мицкоски дека не прифаќа уставни измени под бугарски диктат, со реакција се огласи и лидерот на ГЕРБ и победник на изборите во Бугарија, Бојко Борисов.
Вели дека и покрај добрите односи меѓу него и партнерите во ЕУ, договорите мора да се почитуваат, додавајќи дека какви било поинакви толкувања не се добри за колегите од Северна Македонија.
Борисов нагласи дека доколку формира Влада, ќе иницира средба со Мицкоски.
„Без нашата и поддршката на Грција, РСМ нема шанси за ЕУ. Сега нека бидат одговорни. “, порача Борисов.