Европската Унија ќе работи од близу со новата македонска влада за спроведување на реформската агенда и продолжување по евроинтегративниот пат.
Сепак,од таму велат дека очекуваат земјава да ги спроведе преземените обврски преку промена на уставот и вметнување на бугарите во него. На дневниот брифинг на ЕК во Брисел, порпаролката на комисијата Ана Писонеро порача и дека земјава мора да го искористи моментумот кој според неа, постои во ЕУ за проширување.
“Мислам дека пораката е многу јасна, Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето за да продолжи решително кон на својот ЕУ пат. Мислам дека сите сте свесни за тоа што ЕУ Советот јасно кажа дека го очекува од Македонија и секако тоа се однесува на уставните амандмани за кои Македонија се обврза да ги направи за да може да продолжи по својот ЕУ пат”, изјави Писонеро.
Прашана пак за Преспанскиот договор и користењето на уставното име на земјава, Писонеро со порака дека Комисијата очекува двете страни да го спроведуваат договореното, но и дека Унијата изразила жалење за некористењето на придавката „Северна“ од страна на, како што кажа, дел од македонските лидери.
“Веќе кажавме дека жалиме за некористењето на некои од македонските лидери на уставното име на Македонија, тоа е нешто што е договорено во Преспанскиот договор и јасно е дека сите страни треба да ги почитуваат одредбите од договорот и да ги спроведуваат со добра волја. Тоа имаме да го кажеме”, изјави Ана Писонеро – Порпаролка на ЕК.
Вчера јасна порака до новото раководство на државава дека предуслов за европскиот пат на Северна Македонија е почитувањето на Договорот од Преспа, испрати на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.
Интервенцијата на Борел се случи по брифингот на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис пред Советот на министри за надворешни работи на ЕУ за последните предизвици на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
„Принципот pacta sunt servanda (она што е договорено мора да се почитува) е предуслов за европската перспектива на Западен Балкан“, појасни Жосеп Борел во своите изјави.