Таравари почна да најавува разрешување на економски директори

Новиот министер за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе почне со разрешување на економски директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои им е истечен мандатот и оти постапката ќе продолжи и за другите кои вршат ваква функција, но откако ќе се направат потребните законски измени.

“В.д економски директори се 14, веќе дадов наредба во Министерството, јас ќе одам до Штип, да ја видиме болницата таму, се враќам да ги потпишам. Денеска се разрешуваат одреден број економски директоири на кои што им завршува вд мандатот некаде до средина на јули. Сите ќе бидат разрешени. Тие што се со мандат, ќе ми треба измени во законот, веќе е дадена нардба што побргу да оди во Парламент измената на законот, да нема повеќе економски директори. Сметајте, за мецес-два веќе ќе нема економски директори ниту со закон”, рече Таравари непосредно по преземањето на должноста, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на хируршките клиники во Клиничкиот центар.

Во две – три клиники каде во моментов има само организациски, а нема медицински директори меѓу кои и неговата матична Клиника за неврохирургија, Таравари најави дека утре, а најдоцна деновиве, ќе бидат назначени нови медицински директори, вклучувајќи и ја и Клиниката за токсикологија.

До крајот на неделата се очекува да биде познато како новото раководство на Министерството за здравство на чело министерот Таравари ќе го решава проблемот со нефункционирањето на централниот компресорски систем на хируршките клиники во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ поради што тие повеќе од еден месец работат редуцирано со помош на надворешни компресори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*