Предложениот буџет вклучува 0,5 милијарди евра за средства за раст за СБ

Европската комисија (ЕК) го усвои Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 година, кој изнесува 199,7 милијарди евра, информира денеска извршниот потпретседател на ЕК задолжен за економија во интерес на луѓето, Валдис Домбровскис.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, од вкупните средства во Буџетот на ЕУ за следната година, 2,2 милијарди евра се наменети за Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), а 500 милиони евра за Механизмот за реализација на Планот за раст на Западниот Балкан, како дел од ставката за поддршка на европските партнери и интересите на Унијата во светот.

„Предлог-буџетот за 2025 година ги насочува средствата таму каде што можат да направат најголема разлика, во соработка и во согласност со потребите на земјите членки на ЕУ и нашите партнери ширум светот и да ја направат Европа поотпорна и попогодна за иднината во корист на граѓаните и бизнисите на ЕУ“, истакна Домбровскис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*