Мандатарот Мицкоски: Новата влада ќе биде партнер на бизнисмените

Целосно сум свесен за предизвиците кои престојат и реформите кои мора да се преземат.

Корупцијата и борбата против криминалот ќе биде нашиот примат и секој инвеститор мора да биде стопроцентно уверен дека државата ја гарантира заштитата од неморални и коруптивни притисоци и настојувања.

Никој не смее да биде над законот, исто како што никој не смее да помисли да ја одземе иднината и работите кои ја создаваат иднината.

Новата влада ќе биде партнер на стопанствениците“ порача денеска од Тетово – Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар на Владата.

Рече дека „Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит. На тој начин ќе се помогне на бизнисот и ќе се обезбедат повеќе пари во економијата. Ќе има кратење на административните процедури и отстранување на бариерите кои го попречуваат бизнисот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*