На вчерашното одбележување на 34-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата и мандатар Христијан Мицкоски рече дека партијата сега е обединета и силна.
„Останува она што отсекогаш била, партија на народот“, изјави тој.
Мицкоски, кој во вторник се очекува да го достави предлогот за формирање влада до Собранието, рече дека партијата ќе го формира новиот кабинет за неколку дена.
Тој уште еднаш ги повика идните функционери да ги засукаат ракавите бидејќи, како што нагласи, ќе има напорна работа и силни реформи во периодот што следи. Според Мицкоски, и покрај разликите со СДСМ и другите партии, тој ќе работи на градење единствени државни позиции за стратешките работи на државата.
„Им подавам рака за македонско национално единство“, подвлече тој.
За некои ставови дека ВМРО-ДПМНЕ му дала премногу позиции на ВЛЕН, мандатарот рече дека неговата партија ниту давала ниту земала.
„Се додека работат по закон, коалициските партнери ќе бидат рамноправни партнери“, нагласи Мицкоски, додавајќи дека доколку некој, па и од ВМРО-ДПМНЕ отстапил, ќе одговараат.