Заврши претседавањето со ПСЈИЕ на Северна Македонија

Заврши едногодишното претседавање на Република Северна Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) под мотото „Премостувајќи Поделби, Градејќи Доверба”.

Претседавачот на ПСЈИЕ и технички министер за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, оцени дека земјава успешно го заврши своето претседавање со Процесот, постигнувајќи консензус за две важни прашања.

Османи информираше дека на денешниот Самит за позицијата на генерален секретар на Советот за регионална соработка е номиниран кандидатот на Сараево, Амир Капетановиќ.

“Успехот којшто го постигнавме со двете најбитни прашања ги надминаа дури и нашите очекувања. Постигнавме консензус и го номиниравме кандидатот на Сараево, Амир Капетановиќ, за позицијата на генерален секретар на Советот за регионална соработка и Комитетот на политички директори постигна консензус за декларацијата од скопскиот Самит, која што беше поддржана од министрите и понатаму ќе оди на усвојување од страна претставниците присутни на денешниот Самит”, изјави Османи.

Имајќи ги во предвид последните циклуси на проширување на ЕУ, Османи вели не постои алтернатива за пристапување кон Унијата. Додаде дека регионот треба да избере дипломатија наспроти насилство, како и да работи на градење на одржлив процес којшто ќе ја направи посилна европската архитектура.

Заменик-министерката за надворешни работи на Република Албанија, Артемис Мало, денеска во име на албанската влада изрази уверување дека Тирана како иден претседавач со ПСЈИЕ, го препознава значењето на Процесот и ќе продолжи да ја споделува колективната визија за европска иднина на регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*