ВМРО-ДПМНЕ за формирање нова Влада водеше разговори со коалицијата Вреди и ЗНАМ. Поделбата на ресорите е веќе позната, а имињата се уште не се соопштуваат официјално.
“Очекувам новата влада да биде избрана пред крајниот рок. Теоретски ние можеме усте утре да ја изгласаме владат. Но во согласност со плановите за рекомпонирање на владата кои ги прифатија нашите коалициски парнтери, потребно ни е 2/3 мнозинство. Покрај за ова 80 пратенци ни се потребни и за клучната работа, битката со криминалот и корупцијата, а тоа ќе го направиме со распуштањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители. Ве уверувам дека имаме повеќе од 80 пратеници”, рече Мицкоски.