Мандатарот Мицкоски одговара на последните коментари на грчкиот премиер

На вербалните закани на Мицотакис дека му подготвува непријатно изненадување, Мицкоски одговара дека по природа тешко може да биде изненаден, како што рече, ниту пријатно, ниту непријатно.

Вели можеби е добро да се аргументираат позициите со Грција, пред Самитот на НАТО на 9-ти јули.

Ги замоли македонските медиуми повеќе да посветат внимание на тоа што Грција исполнила од Договорот, а помалку на неговото човеково право да го користи терминот Македонија.

“Што направија тие за овие шест години? Ајде да видиме што правеа во минатото? Што требаше ние да добиеме во минатото кога се менуваше знамето и банкнотите? Кога се користеше понижувачкото име, кога се случуваше интервенцијата на НАТО против режимот на Милошевиќ во 1999 година, кој беше лојален сојузник, а кој забрануваше прелети?”, изјави Христијан Мицкоски, мандатар за состав на нова влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*