Евроамбасадорот Дејвид Гир во четвртокот во интервју за емисијата Топ Тема на Телма рече дека Европската комисија била многу активна во актуелниот мандат во однос на спроведувањето на агендата за проширување.
„Мислам дека она што го видовме е многу сериозна континуирана порака на највисоко ниво за важноста на проширувањето и дека проширувањето ќе продолжи да биде еден од големите предизвици надвор од овие избори и една од големите задачи со кои ќе се соочи Комисијата, Парламентот, и Советот додека одиме напред. Tоа е важно во смисла на просперитет, стабилност и демократија, сите суштински елементи, но исто така, сè повеќе, во однос на безбедносната перспектива, како и не само по руската инвазија на Украина“, изјави тој.