Адеми ги оквалификува коментарите на Реџепи дека Ахмети го запознал Мицкоски како лажни вести

aКастриот Реџепи од ВРЕДИ во Дејли Клик рече дека Европскиот фронт инсистирал и инсистира да биде дел од владата. Реџепи рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети се сретнал со Мицкоски, но според него, влада ќе се формира меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Со кого ќе правата влада тие? Еве ние нема да правиме, утре ќе ги прекинеме преговорите, ќе речеме дека не сакаме да правиме, тогаш тие со кого ќе прават? За што му испратија емисари на Мицкоски и самиот г. Ахмети се сретнал со Мицкоски, за што? Да, јас не бев на средбата, но знам дека се сретнал“, вели Кастриот Реџепи.

Но Арбр Адеми од ЕФ за ваквите тврдења вели дека се лажни вести.

„Станува збор за лажни вести кои се подготвуваат во други кујни кои не го сакаат доброто на Албанците, а кои ги користат некои Албанци кои без легитимитет, без срам, без легитимитет на граѓаните се обидуваат да ги претставуваат Албанците“, вели Арбр Адеми.

Реџепи зборуваше и за уставните измени. Тој рече дека инсистираат да се одреди некаков рок од 2, 3 или 6 месеци, а доколку не се направат, додаде дека треба да се разгледа учеството во владината коалиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*