Палевски негира каква било вмешаност во двојно убиство

На распитот во средата во Обвинителството, Љупчо Палевски негираше каква било вмешаност во двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Според неговиот адвокат Марјан Витановски, Палевски, главниот осомничен во случајот, рече дека бил обвинет поради претходни непријателства, па дури и некои политички недоразбирања со одредени претставници на владејачката структура.

„Тој целосно негира вмешаност во кривичното дело, негира здружување со обвинетите по која било основа, негира постоење на каква било зделка за извршување на ова кривично дело, тврди дека не е виновен и дека не презел ништо од дејствијата наведени во истражната наредба. Тој ја изнесе својата одбрана посочувајќи на факти и одредени докази кои дополнително ќе ги доставиме. Не знаеме со какви докази располага Управата бидејќи досега, до оваа фаза од постапката, немавме ни можност да направиме увид. Засега остануваме на неговото тврдење дека тој воопшто не го сторил кривичното дело“, истакна адвокатот.

Одбраната, додаде тој, има докази за да го потврди она што неговиот клиент им го кажал на обвинителите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*