Мицкоски доби мандат за формирање влада од претседателот 6 јуни

Мицкоски очекува утре да го добие мандатот од Сиљановска, а Владата да биде избрана во уставнито рок од 20 дена, но рече дека ќе се внимава расправата да не се поклопи со претстојнтие верски празници.

Преговорите за владините ресори како што кажа се завршени, а денеска треба да биде потврден третиот ешалон. Имињата за распределбата на ресорите, не сакаше да ги открие, но кажа дека наскоро ќе се дознаат.

“Очекувам час поскоро да го поднесам составот на членови на идната влада, малку се размислуваме поради одредени верски празници кои се пред нас, Задушница и Рамазан, исто така и роденденот на ВМРО-ДПМНЕ 17 јуни, така што имаме неколку работи коишто треба да ги договориме во периодот што следи, но секако дека очекувам идната влада да биде изгласана пред крајниот рок што е дефиниран согласно закон и Устав”, рече Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*