Членовите на Судскиот совет покренаа сомневања за одлуката на Цветанка Периќ

Врховната судијка Цветанка Периќ се откажа од трката за член на Судски. Како причина ја навела здравствената состојба, но тоа отвори сомнеж кај членовите на советот.

Прашуваат дали нарушеното здравје ќе ја спречи да ја извршува и судиската функција во Врховен. И претседателката на Врховен е изненадена од потегот на својата колешка. Смета дека требало да ги извести за повлекувањето на кандидатурата. Во советот пак се сомневаат и на можни притисоци.

Освен Периќ, кандидат за член на судски од редот на врховните судии е уште Исамедин Лимани. Во советот имаше поделени мислења дали тој може се најде на гласачкото ливче, бидејќи етничките заедници веќе имале свои претставници.

Гласањето за избор на член на советот кој ќе ги претставува врховните судии ќе се одржи во среда. Иако Периќ се повлече, нејзиното име сепак ќе стои на гласачкото ливче. Предоцна информирала за својата одлука и немало време за смена на изборниот материјал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*