Продолжија преговорите ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ. Страните потврдија дека разговорите се во завршна фаза, но, официјално, имињата не се откриени иако на дневен ред се одлуките за вториот и третиот ешалон.
Од ВМРО-ДПМНЕ само велат дека јавноста ќе биде информирана за сите детали откако ќе се постигне договор. Од ЗНАМ посочија дека преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ се во завршна фаза. Сепак, ниту од партијата на Максим Димитриевски не откриваат конкретни детали.
„Покренати се прашањата на одредени ресори. Сепак, досега тие не се до крај дефинирани, ниту пак се потврдени. Разговорите ќе продолжат во наредните денови“, истакна ЗНАМ.