Масовна тепачка помеѓу неколку лица се случила околу 23 часот и 40 минути на булеварот Никола Карев познат како пластичарска.
Како што информираат повеќе медиуми, тепачката била проследена со истрели од огнено оружје при што најмалку три лица биле повредени Т.А, О.Б. и А.И..
Повредените веднаш се пренесени во хируршкиот центар Свети Наум Охридски и ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Екипи на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи се на местото на инцидентот. Според последните информации на Алсат, А.И починал од повредите, додека состојбата на другите двајца е стабилна.