Лидерот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски во средата на состанокот на Извршниот одбор на СДСМ соопшти дека и официјално поднесува оставка од челната позиција во партијата.
„СДСМ се соочи со пораз на последните избори и доби тежок удар, не само од граѓаните, туку и од своите послушници и од некои сегашни и поранешни сопартијци.
Сега, повеќе од кога било, на СДСМ му требаат внатрешни анализи и реформи, поради што согласно партискиот статут барам да се одржи партиски конгрес на кој ќе бидат избрани нови луѓе на највисоките раководни позиции во партијата.
Имајќи ги предвид резултатите од последните изборни циклуси, како висок морален чин, решив да поднесам оставка од функцијата претседател на СДСМ и го повикувам остатокот од раководството на партијата да го следат мојот пример и да поднесат оставки и од своите функции.“, рече Ковачевски на партискиот состанок.