Адвокатот на Георгиев поднесе жалба за мерката притвор

Адвокатот на судијата на Врховниот суд Наќе Ѓоргиев, Александар Тумановски, поднесе претставка во која тврди дека мерката притвор што му е одредена на неговиот клиент за прифаќање награда за противправно влијание е престрога и неоснована.

„До судот поднесовме жалба за укинување на одлуката за притвор, бидејќи обвинителството не гледа опасност Георгиев да се обиде да побегне и да ја избегне правдата, а за другите две точки од обвиненијата против него, законот (член 144 од Кривичниот законик) пропишува различни мерки на претпазливост. Очекуваме органите на правдата да ја прифатат нашата претставка и да одредат поинаква мерка против мојот клиент“, рече Тумановски.

И другиот осомничен во истиот случај, членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети, негираше каква било вмешаност во случајот.

„Воопшто не сум запознаен со луѓето кои се вклучени во ова. Сепак, ќе се воздржам од какви било коментари за да им оставам простор на правосудните органи да си ја завршат работата како што треба. Одговорно тврдам дека не сум сторил ништо незаконско“, рече Мемети.

Георгиев и Мемети се осомничени дека прифатиле награда за противзаконито влијание, а ги пријавил синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, кој тврди дека Георгиев и Мемети побарале од него 10.000 евра за да влијаат на поповолна одлука во случајот во кој Боро Стојчев е обвинет за шверц на цигари и марихуана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*