Државната изборна комсија го поништи гласањето на 7 избирачки места.
Ќе се се прегласува на 6 избирачки места во петтата изборна единициа и тоа на две избирачки места во Долнени, две во Крушево, едно во Струга и едно во Охрид.
Ќе се прегласува и на едно избирачко место во шестата изборна единица во општина Желино. На сите овие избирачки места ДИК денеска ги разреши претседателите, замениците и членовите на избирачките одбори.
Новото гласање ќе се организира во среда на 22 мај. Седницата на ДИК следи откако вчера Управниот суд ги одби сите тужби поднесени од Европскиот фронт и ги потврди претходните решенија на комисија која утврди низа нерегуларности на сите 7 избирачки места.
Ова според членовите на ДИК е доказ дека целиот процес е спроведен законски и покрај тоа што изминатиот период добиваа јавни навреди и закани за тужби токму од политички структури на Европскиот фронт.
На денешната седница на ДИК не присустуваше единствено потпретседателката Шеху која доаѓа од редовите на ДУИ.