Мицкоски вели дека она што тој ќе ја нарече земја е „фундаментално човеково право“

Многу прашина се крена околу заклетвата на Гордана Силјановска – Давкова, која не употреби во ниту еден момент „Северна“, нешто на што наиде на многу реакции од Грција.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го коментираше сето ова.

Мислам дека заклетвата беше достоинствена. Очекував честитка од нашиот јужен сосед, наместо тоа добивме, за жал политички мускули. Не очекувам односите помеѓу двете држави да се темелат на политички мускули, туку да имаме одлични меѓусоседски односи.

Ценам дека како ВМРО-ДПМНЕ а и тамошната влада на Нова Демократија имаат став околу Преспанскиот договор, ниту на едните ниту на другите не ни се допаѓа. Но, мое основно човеково право е како ќе ја нарекувам мојата држава, и јас очекувам и претседателката Силјановска да ги користи Македонија и придавката македонски, и тука нема прекршување на Уставот.

Имам порака до Грција, да престанеме со закани, со уцени, ова се документи кои се дел од правото. Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле Договорот од Преспа, постои Меѓународен суд за правда, нека поднесат тужба, па таму ќе ги вкрстиме аргументите. Јас очекувам дека тоа нема да се случи. Сакаме да бидеме среќни, и да соработуваме.

Од тука сакам да ги поканам грчките компании да инвестираат во Македонија, македонските компании да инвестираат во Грција. Првиот впечаток со покажување на политички мускули не е добар и не ми се допаѓа“, рече Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*