Главниот осомничен за двојно убиство Палевски допрва ќе бара адвокат

Љупчо Палевски-Палчо во затворот во Шутка уште нема побарано бранител кој ќе го застапува, информира директорот на затворот Филип Андов.

Палевски е осомничен за грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Нема информации кога тој ќе биде повикан на распит во Јавното Обвинителство.

Палевски е сместен во посебно одделение во затворот Шутка. За него подготвена е просторија до која поради безбедност се стигнува преку посебен ходник за движење.

Ќе го чува зголемено затворско обезбедување, има посебна бања, а одреден е и посебен протокол за храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*