Клучно е да стоиме зад обврските што сме ги презеле за годините што доаѓаат, а не за одреден период, порача заменик министерот за надворешни работи на Грција, Фрагојанис.
Но, одговарајќи на прашања ба македонски новинари дека меѓународните договори подразбираат обврски од две страни кога Грција ќе ги исполни своите обврски, кои се најмалку четири, порача дека Грција ќе ги исполни своите обврски. Но, треба да се почне од суштината, а тоа е дека уставното име на земјава е Северна Македонија.
„Сметам дека не треба да почнам да ги бројам договорите кои не се имплементирани од двете страни, особено другата страна. Целосно верувам дека земјата која не ги исполнува своите обврски од меѓународните договори нема место во соседство, каде што постои почитување на вредностите.
Кредибилноста и одговорноста доаѓаат со преземањето на меѓународните обврски и мое мислење, мислењето на Грција е дека уставното име, и покрај несогласувањата во Северна Македонија е Северна Македонија. Значи да започнеме со основата, дека уставното име на земјата е Северна Македонија.
Ние веруваме во концептот на Договорот од Преспа. Дури и нашите политички партии кои се на власт од 2019 и кои не се согласуваа со многу делови од Договорот од Преспа, испорачавме она што требаше да го испорачаме, бидејќи ние ставивме потпис на тоа.
Ние ги почитуваме меѓународниот договор и истото го бараме од другата страна. Гледам дека го нотирате тоа негативно и би сакал лично да ви објаснам што се случи со петте договори, со многуте договори кои не беа почитувани од Северна Македонија“, изјави Фрагојанис.
Фрагојанис одговараше на прашања за Македонија на прес конференција во Шибеник, каде Грција го презеде председавањето со јадранажско- јонската иницијатива за соработка, чиј член по потпипувањето на Договорот од Преспа е и Македонија.