Претставниците на коалицијата ВРЕДИ и од ВМРО-ДПМНЕ до сега се сретнале два пати. Првата средба била меѓу Таравари и Мицкоски пред изборите од 8 мај, а втората била меѓу четворицата лидери на ВРЕДИ и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ на 11 мај.
Во Клик Плус, Таравари рече дека на втората средба се поставиле контурите на новата влада, се усогласиле програмите а ВРЕДИ ги претставила трите главни точки.
„Таму веќе се поставија контурите на идната влада. Трите главни точки ги спомнав, евроинтеграциите, економскиот развој и борбата против криминалот и корупцијата како и правната држава“, вели Арбен Таравари.
На оваа средба биле формирани и работните групи кои ќе преговараат за поделба на ресорите. Таравари очекува до 28 мај да се дефинираат сите прашања и да се конституира новиот парламентарен состав.
Таравари: Јас сум оптимист дека за 6 или 9 месеци, некаде по Нова Година мислам дека ќе имаме уставни измени.
За тоа што ќе содржат уставните измени, Таравари вели дека отстранувањето на 20% за албснкиот јазик е еден од главните услови додека во иднина би биле заинтересирани за целосно нов устав кој ќе соодветствува со етничката и демографска реалност во земјава.