Реакциите за Договорот од Преспа продолжуваат и во Грција

СИРИЗА најави дека ќе ги достави на ратификација трите меморандуми кои произлегуваат од Договорот од Преспа, а кои се уште не се ратификувани од Грција.

Ставот на партијата е дека одбивањето на Нова демократија да ги ратификува всушност значи дека таа не го штити легално Договорот иако, како владејачка партија, бара негово спроведување.

Исто така, грчките медиуми цитираат неименуван извор од НАТО дека Договорот од Преспа го отворил патот за членство во Алијансата и придонел за добрососедските односи.

„Важно е тие односи да се одржуваат меѓу сојузниците. Северна Македонија влезе во Алијансата под уставното име и во НАТО е претставена под тоа име“, додаде изворот.

Исто така, „Прото тема“ имаше текст за случувањата во врска со Договорот од Преспа со наслов „[Претседателката на Северна Македонија, Гордана] Силјановска Давкова може да се соочи со американски санкции“, објави Телма.

Телевизиската станица не прецизираше точно каков вид на санкции, иако тоа најверојатно се однесува на Извршната наредба од 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*