Министерот за надворешни работи Османи оствари средби со амбасадорите Агелер и Дрекслер

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денес остварил средби со амбасадорките на Германија и САД во земјава.

Според соопштението од МНР, се разговарало за евроинтегративниот пат на С. Македонија.

Османи на средбата со Анџела Агелер ја нагласил неопходноста од почитување на Охридскиот рамковен договор и забрзување на евроинтегративниот процес на земјава како споделен стратешки интерес и гаранција за стабилноста.

Посветеност за зајакнување на билатералните односи на линија на активностите кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД, стои во соопштението за средбата со американската амбасадорка.

Од друга страна, со германската амбасадорка Петра Дрекслер, Османи зборувал за „исполнувањето на условите преку продолжување на реформските процеси и целосно применување на меѓународните договори претставува обврска за С.Македонија за заокружување на европската интеграција“.

Вака е наведено во кусото соопштение објавено на профилите на социјалните мрежи на министерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*