Седнаа на маса за да ги договорат општите начела за соработка во идната влада.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди остварија прва средба за евентуална коалиција.
Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека соработката ќе се темели на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Мицкоски пред почетокот на средбата кратко кажа дека ова било само запознавање.
Од Коалицијата Вреди изјавија дека разговорите оделе во позитивна насока и дека наскоро ќе се формирале работни групи.
По цврстиот став на Мицкоски дека ДУИ ќе оди во опозиција, тие велат дека со ваквата политика ВМРО-ДПМНЕ се обидува во иднина да ги натера Албанците да се постројуваат зад македонските политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а со тоа и да се изгуби потребата од политичко организирање кај Албанците.