Одлуката на Гордана Силјановска Давкова да не го користи уставното име на неделната церемонија на заклетва наиде на брзо критики од грчкото МНР.
„За време на денешната церемонија на заклетва во Собранието, и покрај тоа што во официјалниот текст на заклетвата што и беше прочитана, земјата се нарекува „Северна Македонија“, новата претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, избра да ја нарече својата земја „Македонија“.
Овој чин е флагрантно кршење на Договорот од Преспа и Уставот на нашата соседна земја, кој е усогласен со меѓународните обврски на Северна Македонија.
Во овој контекст, Грција категорично наведува дека понатамошниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија, како и напредокот во европскиот курс на последната, зависи од целосната имплементација на Преспанскиот договор и првенствено од употребата на уставното име”, изјави институцијата.