Набљудувачката мисија презентира изјава за прелиминарните наоди и заклучоци

Парламентарните и претседателските избори беа конкурентни, а основните слободи беа почитувани, иако процесот останува недоволно регулиран, се вели во Изјавата за прелиминарните наоди и заклучоци, презентирана во четвртокот од претставници на заедничката набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и Европскиот парламент (ЕП).

Изборното законодавство обезбедува соодветна рамка за одржување на демократски избори, но постојаните недоследности, празнини и нејаснотии ја загрозија правната сигурност и заслужуваат ревизија, се додава.

„За жал, Изборниот законик неодамна беше изменет преку забрзани процеси без транспарентност и јавна консултација, што не е во согласност со меѓународните стандарди и заложбите на ОБСЕ. Иако промените инкорпорираа некои претходни препораки на ОДИХР и технички предлози од ДИК, тие во голема мера ги игнорираа препораките на меѓуагенциската работна група задолжена за изборните реформи“, рече Џилијан Штирк, која ја предводеше мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*